Беса: Албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик

 

Се наоѓаме во историски и многу важен момент за иднината на државата, почитувајќи и промовирајќи ги сите вредности на вистинската демократија, и сметаме дека е исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности, истакнуваат од „Беса“.

Движењето Беса, додаваат од таму, врз основа на одредбите од член 130 од Уставот на Република Северна Македонија, преку ова барање предлага и бара од овластениот предлагач на уставните измени, односно Владата на Република Македонија, во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието на Република Северна Македонија за да се инкорпорира, покрај измената на уставната преамбула, и амандманите на V-тиот амандман на уставот на Република Македонија.

„И тоа: 1. Амандманот V, точка 1, став 1 од Уставот да се формулира во оваа форма:

2. На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.

„3. Другите ставови од Амандманот V треба да се прилагодат според став 1.

Движењето Беса, потенцираат, не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но ние инсистираме да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Република Северна Македонија.

„Убедени сме дека преку корекција, појаснување и интервенциите во членовите предложени погоре, значително ќе се поправи Уставот на земјата. Значи, со овие интервенции не само што ќе се зајакне мултиетничкиот и социјалниот карактер на државата, туку истовремено ќе се овозможи ефикасно функционирање на државните институции, што е многу важно за земја членка на НАТО и на државата која има за цел да биде дел од ЕУ“, истакнуваат од Беса.

31.03.2023 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега