Бербок: Доколку Укрина падне, Молдавија е следна

Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на соседна Молдавија, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, на конференцијата на која се разговара за загриженоста за активностите на Русија во регионот.

-Се што правиме за да ја поддржиме Украина значи и поттикнување на стабилизација во однос на Молдавија. Јасно е дека најголемата грижа на луѓето овде е дека доколку Украина падне, Молдавија е следната, рече Бербок.

Германската министерка за надворешни работи пристигна во посета на Кишињев на министерскиот состанок на Молдавската платформа за партнерство, заедно со сојузниците од Франција и Романија.

Германија, еден од главните воени поддржувачи на Киев во Европа, ја лансираше платформата откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, прикажувајќи ја како дел од пошироките напори за стабилизирање на економијата на Молдавија и заштита од руски дезинформации.

19.09.2024 - 19:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега