Белорускиот претседател пренесен во болница

 

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, синоќа е примен во болница во близина на Минск.

По него следеше поворка од автомобили. При неговото пристигнување, приодот до болницата бил блокиран од полицајци и војска, а стражарите ги набљудувале улиците во болничкиот кварт.

Лукашенко последен пат беше виден во јавноста на 9 мај, кога заедно со Владимир Путин присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва. Таму вниманието го привлече неговата очигледна физичка слабост, поради што мораа да го возат и на кратки патеки. Го пропушти и официјалниот ручек со Путин.

14.05.2023 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега