Белград: Пронајдено тело на 22 годишна девојка за која се сомнева дека е силувана и убиена

 

Тело на 22-годишна девојка за која се сомнева дека била силувана и убиена е пронајдена во населбата Звездара во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, телото на девојката е пронајдено во стан на улицата Мадридска, каде има засилено полициско обезбедување.

Телото било пронајдено од страна на сестрата на жртвата, кога влегла и ја видела девојката како лежи на кревет во ноќница.

По пристигнување на полицијата и итната помош, се створил сомнеж дека девојката првенствено била силувана а потоа убиена.

12.05.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега