Бела куќа: Зеленски ќе биде в четврток на средба со Бајден во Вашингтон
Украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела ќе ја оствари својата втора посета на Вашингтон, објави денеска Белата куќа, во обид да ја зацврсти поддршката на клучниот поддржувач на неговата земја, која испрати милијарди долари помош за борбата против руските сили.
Зеленски ќе отпатува во Белата куќа в четврток на разговори со претседателот Џо Бајден, а исто така ќе има состаноци во американскиот Конгрес.
Патувањето на украинскиот лидер во Вашингтон ќе биде по средбите со други светски лидери на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Џејк Саливан, советникот на Бајден за национална безбедност, рече дека патувањето е во „критично време“ додека Украина води контраофанзива против Русија.
Бајден ќе ја потврди „својата посветеност да продолжи да го води светот во поддршката на Украина додека ја брани нејзината независност, нејзиниот суверенитет и нејзиниот територијален интегритет“, изјави Саливан на прес конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа