Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, контраадмирал Џон Кирби, денеска изјави дека САД испратиле писмено предупредување на руските безбедносни служби за напад извршен од екстремисти и дека тврдењата дека Украина била вмешана во нападот минатиот петок во Москва се „бесмислици“.

Кирби, кој е помошник државен секретар за одбрана, повтори дека е јасно дека терористичката „Исламска држава“ е „единствено одговорна“ за нападот во концертната сала „Крокус сити хол“, каде во петокот загинаа 140 лица.

Кирби им рече на новинарите дека САД им дале на руските безбедносни служби писмено предупредување за екстремистички напад, едно од многуте испратени во Москва однапред.

Истражниот комитет на Русија денеска соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва, што укажува дека напаѓачите имале „врски со украински националисти“.

„Работата со уапсените терористи, испитувањето на техничките уреди одземени од нив и анализата на информациите за финансиските трансакции овозможија да се најдат докази за нивната поврзаност со украинските националисти“, соопшти Истражниот комитет на Русија.

28.03.2024 - 21:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега