Бектеши: Цените на прехранбените производи нема да паднат за 10 отсто од септември, туку од други месеци во годината кога важеа мерките на Владата

 

„Референтни цени, кога зборуваме за намалување од најмалку 10 отсто, нема да бидат цените на рафтовите од септември и од август, туку ќе бидат од цени од други месеци во оваа година додека важеле одредени мерки, пришто владата се откажала од одредени давачки, како царински, од ДДВ и слично“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва при своето гостување во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

Ова практично значи, како што објасни министерот, дека ако цената на производ во месец март - кога важеле мерките на Владата, била 100 денари, а во септември е 150, тоа значи дека за 10 проценти ќе се намали цената од март, а не онаа од септември.  

„Производители, дистрибутери можат да се препознаат во ова што го кажувам. Денеска им го пренесов тоа и на ланците на супермаркети кои го кажаа истото тоа што и ние го кажуваме и што го покажуваат анализите. Цените на некои производи пред неколку месеци биле за 10 проценти намалени. Барем да се вратат на тоа што биле пред неколку месеци, бидејќи треба да намалуваат дополнителни 10 отсто најмалку. И кога кажуваме 10 отсто, значи не за сите 50-тина производи кои се предвидени во одлуката за замрзнување на цените или да бидам поконкретен, за определување на највисока цена во малопродажба“, изјави Бектеши.

Министерот порача дека движењата на цените, особено во прехранбената индустрија, ќе бидат следени на неделна база. И тоа, како што додаде, е само прв чекор.

14.09.2023 - 20:33
Фото: 
Принтскрин ТВ Телма

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега