Барселона должи 147 милиони евра за трансфери
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона мора да исплати долг во износ од 147 милиони евра за реализирани трансфери, објави денеска весникот АС.
Според истиот извор, парите треба да им бидат исплатени на повеќе клубови.
Во наредните месеци Барселона треба да врати 45 милиони евра, а остатокот е предвиден за подоцнежен период.
Барселона за трансферот на Роберт Левандовски на Баерн Минхен му плати 45 милиони евра, а баварскиот клуб побарува уште 21 милион.
Меѓу клубовите на кои Барселона и должи пари следуваат Борусија Дортмунд (78.000 евра сега/78.000 подоцна), Легија Варшава (50.000/50.000), Лех Познањ (119.000/119.000), Делта Варшава (33,000/78.000), Жнич (113.000/133.000) и МКС Варшава (169.000/169.000).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа