Автомобил удрил мотоциклист во Штип, возачот избегал, мотоциклистот пренесен во болница
Вчера во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко возило удрило во мотоцикл „баотиан“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од Штип, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.
23.06.2024 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа