Автобуси на ЈСП и натаму блокираат пред Владата
Улицата пред Владата се уште е блокирана со автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие- Скопје, додека останатите автобуси утрово функционираат нормално.
Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски синоќа изјави дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска пред Владата останале 15 автобуси.
– Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да го реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотациите за превозот на средношколците и студентите во градот Скопје, рече Стојановски.
Од Град Скопје тврдат дека Министерството за образование и наука им должи 120 милиони денари за субвенциите за вршење превоз за студенти и ученици во средно образование.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа