Австралија: По 20 години затвор, помилувана мајката која беше осудена за смртта на нејзините четири деца

 

Во австралиската држава Нов Јужен Велс е помилувана жена која првостепено беше осудена на 25 години затвор за убиство на своите четири деца, по судска проверка и основани сомнежи за валидноста на првостепената пресуда.

Кетлин Меган Фолбиг беше осудена во 2003 година за убиство на нејзините четири деца, но до денеска остана на ставот дека е невина и дека децата умреле од природна смрт.

За време на првичната истрага во 2019 година, беа презентирани докази кои ја потврдуваат вината на Фолбиг, меѓутоа, за време на следната истрага започната во 2022 година од страна на пензионираниот државен обвинител Томас Батурст, беше разгледана првостепената пресуда и беа презентирани нови докази кои потврдуваат дека децата страдале од генетска мутација, која може да предизвика смрт.

Секое дете умрело ненадејно помеѓу 1989 и 1999 година, на возраст меѓу 19 дена и 19 месеци, а обвинителите на нејзиното судење тврдеа дека ги задушила.

Во новата истрага, предводена од пензионираниот судија Том Батурст, обвинителите прифатија дека истражувањето на генетските мутации го променило нивното разбирање за смртта на децата.

Случајот на 55-годишна жена која поминала 20 години зад решетки е опишан како еден од најголемите грешки на правдата во Австралија.

Генералниот обвинител на Нов Јужен Велс, Мајкл Дејли, денеска ја помилува Фолбиг, откако збирните наоди од истрагата на Батурст го потврдија разумното сомневање за секоја изречена казна.

05.06.2023 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега