Арсовска тврди дека украсувањето на Скопје е финансирано законски преку јавен повик

 

Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, велат од Град Скопје.

Од Градот преку соопштение истакнуваат дека овогодишното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега има за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении.

„Разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави. Жалиме што и покрај апелите за точно, балансирано и вистинито известување, дел од медиумите се уште одработуваат политички агенди на заборавени политичари“, велат од Град Скопје.

Заега нема одговор окоја е фирмата што го кити Скопје.

„Макфакс“ претходно објави дека на страната на Бирото за јавни набавки нема договор за новогодишното укасување.

Од обвинителството денес истакнаа дека Управата за финансиска полиција е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса. Доколку не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.

Според законите, за набавки над 1.000 евра треба да се распише тендер.

21.12.2023 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега