Арсовска пристигна во Владата

Скопската градоначалничка Данела Арсовска пристигна во Владата на средбата која ја закажа премиерот Христијан Мицкоски.

По средбата се очекува на прес-конференција да излезе министерот за локална самоуправа, Златко Перински. 

Пред средбата Арсовска кратко кажа дека за утре ќе закаже прес-конференција.

Средбата доаѓа откако претставниците на ЗЕЛС побараа одземање на ингеренциите на Град Скопје за „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

 

19.08.2024 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега