Арбер Адеми-Игли Хасани: Со Албанија заедно на патот кон ЕУ

 

Во Тирана, претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, на маргините на регионалната конференција на тема: „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“ имаше одвоена средба со министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани.

Во разговорот, Адеми информира за актуелните случувања во Северна Македонија во контекст на развојот на нашите евроинтегративни процеси, при што истакна дека заедно со Албанија сме на истиот пат за наше зачленување во ЕУ.

Министерот Хасани, информира за претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана (16 октомври), на владино ниво, при што изрази поддршка за вклучување на парламентите од Западен Балкан во овој процес, кој претставува важна платформа за партнерство, помирување и регионална соработка на земјите од Западен Балкан, во рамките на ЕУ.

Заедничка беше констатацијата дека двете земји развиваат пријателски односи на сите полиња, и дека нема пречки тие да продолжат и во рамките на Берлинскиот процес.

13.10.2023 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега