Апасиев: Ме нема на ТВ затоа што го блокиравме законот за легален поткуп на медиуми

 

Пратеникот од редовите нa Левица проговори зошто веќе одреден период на националните телевизии не гостува ниту тој ниту други од неговата партија.

Според професорот Димитар Апасиев, станува збор за бојкот кон неговата партија од страна на националните телевизии бидејќи Левица во Собранието го блокирала законот од времето на премиерот Никола Груевски со кој петте национални телевизии требало да земат пари за владини реклами.

 

„'Апасиев, оти те нема по телевизии?' е најчестото прашање кое го добивам периодов. Ме нема оти во Собрание го блокиравме законот за легален поткуп на медиуми од времето на Грујо, со кој петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и АлсатМ) ќе требаше да инкасираат по милион и пол евра за владини реклами. Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите. Така одат тие работи во животот. Во круг“, откри Апасиев на својот Facebook профил, па додаде:

„Сета среќа што живееме во време на социјални медиуми, па гласот на Левица не може да биде замолчен“.

10.04.2023 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега