АП: Израелците пукаа кон Палестинците кои се движеа кон северот на Газа

Израелските сили убиле двајца и раниле уште 11 Палестинци, јавува новинската агенција Асошиетед прес. Палестинците тргнаа кон главната борбена зона во северниот дел на Газа, и покрај предупредувањата од израелската војска да останат на место за време на привремениот прекин на огнот, објави новинската агенција.

Новинарот на АП видел две тела и ранети како пристигнуваат во болница во градот Деир ал Балах во јужна Газа. Ранетите биле застрелани во нозете. До пукањето дојде неколку часа откако израелската војска ги предупреди раселените Палестинци кои побараа засолниште на југ да не се враќаат во своите домови во северната половина од територијата за време на четиридневниот прекин на огнот.

Откако утринава започна привремениот прекин на огнот, забележани се стотици Палестинци кои се обидуваат да се пробијат во северниот дел на Газа.

24.11.2023 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега