Англија ги претстави новите банкноти со ликот на Чарлс

 

Банката на Англија денес ги претстави банкнотите со ликот на кралот Чарлс, кои ќе почнат да се користат на средината на 2024 година. Сликата на британскиот монарх ќе се најде на банкноти од 5, 10, 20 и 50 фунти, а освен ликот на кралот Чарлс, нема да има промени на постоечкиот дизајн, велат од Банката на Англија.

Бакингемската палата најавува дека банкнотите со ликот на новиот британски монарх ќе се печатат само во случај да треба да ги заменат оштетените постоечки и кога ќе има потреба од печатење дополнителни средства. Тоа значи дека старите банкноти нема да бидат исфрлени од употреба. Причината за ваквата одлука е заштитата на животната средина

Кралицата Елизабета Втора беше првиот британски монарх што се појави на банкнотите на фунти.  Нејзиното лице го  има и на бакнотите од 20 долари во Канада, на монети во Нов Зеланд и во некои земји од Комонвелтот.

20.12.2022 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега