Ангелова: ССК и УКИМ заедно можат да започнат успешна соработка

 

 

Професорката Билјана Ангелова, кандидат за ректор на УКИМ денес пред Сојузот на стопански комори на Македонија ја презентираше својата програма за работа 2023-2026 годинa. Во програмата е предвидена интензивна соработка помеѓу бизнис секторот и Универзитетот Кирил и Методиј.

Таа кажа дека ССК и УКИМ заедно можат да започнат успешна соработка каде што студентите и академската заедница ќе имаат можност да се придружат во оваа заедничка визија за иновација, раст и напредок и додаде дека само заедно можеме да создадеме подобра и успешна иднина.

Претседателот на ССК Трајан Ангелоски истакна дека со соработка помеѓу Сојузот на стопански комори и Универзитетот имаме за цел да инвестираме во развојот на идните лидери и претприемачи, пред се преку директна финансиска поддршка на истражувачки и развојни проекти, споделување на ресурси и менторство.

ССК ќе ги повика своите членки помасовно да понудат учество во реализирањето на проектите и да понудат можности за пристап на нови практични искуства на студентите, оформување на стартап компании и поддршка на иновации на академскиот кадар.

29.05.2023 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега