Ангелов: По тешкото ранување во Арачиново во 2001-та примив туѓа крв и останав жив, дарувајте доколку можете

 

Дирекорот на ЦУК Стојанче Ангелов во Институтот за трансфузиона медицина денеска даруваше крв и порача секој кој може а нема здравствени ограничувања да дарува.

„После тешкото ранување во борбата за Арачиново во 2001-та, во салата за хируршки интервенции примив некој литар туѓа крв. Благодарение на неа останав жив. Доколку немате здравствени ограничувања дарувајте крв барем еднаш во животот. Повеќе пати, уште подобро. Вашата крв ќе спаси некој живот. Можеби вашиот или животот на некој вам близок човек“, напиша Ангелов на Фејсбук.

Тој додаде дека несреќите се случуваат тогаш кога најмалку ги очекуваме.

11.01.2024 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега