Ангелов ги испрати пилотите и придружниот воздухопловен персонал – тим од Словенија на хеликоптерот „кагуар“ коишто помогнаа при справувањето со пожарите


Вчера вечер, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ги испрати пилотите и придружниот воздухопловен персонал – тим од Словенија на хеликоптерот „кагуар“, коишто помогнаа до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија.

Притоа, Ангелов искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава. Во таа пригода им врачи благодарници и скромен подарок за спомен на нивниот престој во Македонија, известуваат од Центарот за управување со кризи.

16.08.2024 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега