Анестезиологот од Тетово зад решетки – судот му одреди притвор на тиктокерот
Судот му одреди осумдневен притвор на анестезиологот од тетовската болница, кој тајно ги снимал пациентите и ги објавил на социјалната мрежа ТикТок.
Тетовското обвинителство поведе истрага против тетовскиот анестезеолог кој снимаше пациенти во тетовската болница, на одделот за гинекологија.
„Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа