Американски генерал: Пригожин е или мртов или во затвор, средбата со Путин била лажирана
Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, веројатно е мртов или е во затвор, вели поранешен висок американски воен генерал.
Неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин по неуспешниот пуч најверојатно била лажирана, додава тој.
Пензионираниот генерал Роберт Абрамс, кој претходно служел како командант на американските сили во Кореја, ги сподели своите размислувања за неизвесната судбина на Пригожин по краткотрајниот вооружен бунт на групата Вагнер минатиот месец.
„Моја лична проценка е дека се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме Пригожин во јавност“, изјави Абрамс за „Еј-би-си њуз“.
„Мислам дека или ќе го сокријат, или ќе го испратат во затвор, или ќе се справат со него на друг начин, но се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме“ додаде тој.
Запрашан дали мисли дека Пригожин е жив, по поставувањето на најзначајниот предизвик на режимот на Путин откако дојде на власт во 1999 година, Абрамс рече:„Јас лично не мислам така, и ако е така, тој е некаде во затвор“.
Пензионираниот генерал со четири ѕвезди, исто така, изрази сомневање за состанокот што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин го одржал со Пригожин и сите негови високи команданти на Вагнер на 29 јуни, пет дена по прекинатиот бунт.
„Би бил изненаден ако навистина видиме жив доказ дека Путин се сретнал со Пригожин, и мислам дека тоа е многу инсценирано“, рече Абрамс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа