Америка: Татко и син осудени на затворска казна поради лотариска измама вредна 20 милиони долари

 

 

 

Татко и син се осудени на затворска казна поради извршување лотариска измама од 20 милиони долари.

Али Џафар (63) и Јусеф Џафар (29) се осудени на пет години затворска казна,и дополнително исплаќање на шест милиони долари.

Лицата кеширале 14.000 добитни ливчиња на лотарија во период од десет години, испрале повеќе од 20 милиони долари приход, а потоа лажеле на даночните пријави со цел да ја измамат управата за приходи за околу дополнителни шест милиони долари.

Таткото и синот купувале добитни тикети со попуст од луѓе кои сакале да избегнат идентификација, и потоа тие би ја презеле паричната награда.

Али и Јусеф ги пријавувале добивките, но истовремено во даночните пријави тврделе дека ги загубиле средствата коцкајќи се за да избегнат плаќање федерален данок.

23.05.2023 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега