Америка ги повикува своите граѓани што побргу да го напуштат Либан

 

Амбасадата на САД во Либан денеска ги повика своите граѓани да планираат да ја напуштат земјата што е можно побргу додека сè уште се достапни комерцијалните опции.

Во пораката упатена до граѓаните Амбасадата наведува дека будно ја следи безбедносната состојба во Либан.

„Препорачуваме граѓаните на САД, кои ќе одлучат да не заминат, да подготват планови за вонредни состојби“, соопшти Амбасадата.

Стејт департментот издаде совет за патување во вторникот, 17 октомври, во кој ги повика своите граѓани да не патуваат во Либан поради „непредвидливата безбедносна ситуација“.

19.10.2023 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега