Алжир ја обвини Буркина Фасо дека користела црна магија пред нивниот дуел
Репрезентацијата на Алжир вчера ремизираше со селекцијата на Буркина Фасо во домашниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 година.
Средбата заврши нерешено 2:2. Алжир два пати водеше, гостите два пати го израмнуваа резултатот.
Домаќините пред почетокот на натпреварот ги обвинија противниците дека користат црна магија на теренот. Алжирците повикале егзорцист за да ја прекинат наводната магија.
По шест кола во А-групата од Мундијалските квалификации, Алжир го зазема првото место со 14 бодови, Буркина Фасо е на второто место со 12 бодови.
17.11.2021 - 16:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа