Алијансата за Албанците одржува Централно собрание во Гостивар

 Раководството и членовите на партиските органи на Алијанса за албанците го почнаа шестото централно собрание. Настанот се одржува во спортската сала „Младост“, по протоколи за заштита од ширење на ковид-19.

На седницата на собранието ќе се работи по дневен ред со шест точки и теми битни за партијата. Денеска треба да се изберат нови членови на Централното собрание и да се разгледа извештајот на Централниот изборен штаб за предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Партиските извори брифираа дека на оваа седница ќе се дискутира и за актуелната политичка состојба во земјата.

Исто така, се очекува Централното претседателство да добие нови членови. Седницата на собранието на АА се очекува да заврши во попладневните часови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега