Албанец пробал илегално да премине граница - полицајците го фатиле на дело

 

 

32-годишен Албанец пробал илегално да ја премине државната граница на нашата земја, а не поседувал документи за идентификација, извести полицијата. 

„На 30.09.2023 во 18.30 часот во близина на Граничниот премин Долно Блаце, кај железничкиот премин, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го привеле А.З.(32) од Република Албанија, кој бил затекнат при обид илегално да ја премине државната граница од Република Северна Македонија кон Косово, a не поседувал документи за идентификација. За случајот бил известен надлежен судија за понатамошна постапка“, соопшти МВР.   

02.10.2023 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега