Алармантно: Се зголемува бројот на активни пожари во земјава

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 486 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 65,12%, а 34,88% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, од коишто активни се уште се 12. Инаку, вчера имало 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка. Вкупно: 31 пожари на отворено активни беа до пред информирањето 12, а сега 11 – пожарот во Општина конче е изгаснат.

Пожарот на Планината Серта се прошира на 2(две)Општини.

1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( ниска вегетација и шума );

2 Опш. Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);

- Опш. Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли ( ниска вегетација и грмушки);

- Опш. Ново Село над с.Бадилен, ( борова шума);

- Опш. Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);

- Опш. Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);

- Опш. Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)

- Опш. Гевгелија, помеѓу с.Негорци и с.Кованец(даб,смрека,прнар, сува трева).

- Опш. Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);

- Опш. Радовиш, с.Штурово (Ниско стеблесна и борова шума);

- Опш. Битола, ул. Девеани бр.92 м.в. Гермаски гробишта (Ниска вегетација);

- Опш. Македонски Брод, с.Грешница и с. Слатино (Деградирана шума, ниска вегетација и грмушки Изгаснати се 19 пожати на отворено:

- Опш. Штип, местено викано Патрик ( смрека, дабова шум.и мешовита шума);

- Опш. Сопиште, Света Петка (Ниска вегетација);

- Опш. Зелениково, ул.Петре Ацев (Ѓубре);

- Опш. Сарај, с.Грчец (Ниска вегетација и ѓубре);

- Опш. Крушево, с.Алданци (дива депонија);

- Опш. Крушево, градска депонија (депонија);

- Опш. Ресен с.Дремени (Ѓубриште);

- Опш. Долнени, с.Забрчани ( Жито);

- Опш. Охрид, с.Мешеишта (Корени од Јаболки);

- Опш. Охрид, м.в. Мауцкер (Депонија);

- Опш. Струга, с.Биџево (Стрниште);

- Опш. Кочани, с.Бејли (бали и слама);

- Опш. Куманово, с.Бедиње (Ниска вегетација);

- Опш. Брвеница, с.Челопек (Ниска вегетација);

- Опш. Брвеница с. Милетино ( Ниска вегетација и стрниште);

- Опш. Гостивар, ул. Иљо Антески Смок (Ѓубриште). - Опш. Делчево, Село Полет (Депонија);

- Опш. Кочани, Пласковица (Шума);

- Опш. Прилеп, с.Веселчани (Ниска вегетација и жито) Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почана да дејствува еден полициски хеликоптер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Инаку, побарана е и меѓунардна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и информира подетално и за меѓународната помош.

Утрово директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во мугрите, присуствуваше на брифинг со армиските и турските пилоти пери што меѓу другото е договорено фокусирање на огнените точки на Серта, тактика – дејство и точка по точка со концентрирано гаснење. Истовремено, тој искажа голема благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија, цитираме: „Благодарност до Република Туркије за испратената помош од два ПП авиона „ер трактори“ и еден хеликоптер „блек хок“.

Во моментов, Ангелов е турскиот хеликоптер, лета кон Серта, за околу еден час, за сите медиуми, ќе следи негова прецизна изјава, сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола. ЦУК информира за детали за активните 12 пожари на отворено, односно сега веќе се намалени на 11 пожари, бидејќи во Општина Конче е изгаснат.

16.07.2024 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега