Акцизна стока, 17 туби со 320 литри алкохолен пијалак пронајдени во „мерцедес“: Приведен криумчар од неготинско
Вчера во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско.
При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи.
Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа