Ахмети до Коп: Институциите да постапат законски, без надворешни влијанија

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Како што информираат од ДУИ, Ахмети и амбасадорот Коп разговарале за влијанијата на истокот во регионот, владеењето на правото, реформите како и важноста од европската интеграција.

„Зголеменото руско и кинеско влијание во земјата и регионот ја загрозува европската иднина.

Владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители беше дел од разговорот на средбата на Ахмети со амбасадорот Дирк Јан Коп.

Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите.

Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, додаваат од ДУИ.

10.01.2024 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега