Агенцијата за медиуми ја осуди изјавата на екс премиерот Ковачевски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ.
- Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ.
Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа