Агелер за „црната листа“: Информацијата ќе дојде од Вашингтон, но јас стојам зад тоа што го кажав
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер изјави дека Ричард Нефју, координаторот за антикорупција на американскиот Стејт Департмент, кој денеска беше во посета на земјава, не е дојден за да ги соопшти имињата на лицата што од земјава ќе се најдат на т.н. црна листа на САД за санкции.
„Тој не е тука да открива имиња за црната листа, ниту нешто слично. Туку е тука за да се дискутираат процесите, санкциите, протоколите коишто владата на САД ги има за прашањето за корупцијата“, рече Агелер.
Таа додаде дека амбасадата е во постојана комуникација со Вашингтон, кога станува збор за прашањето за корупција.
„ Нефју е еден добар сојузник и промотор на сите овие процеси за борба против корупцијата, којашто сметам дека и за вас е едно од најважните прашања“, нагласи таа и потврди дека повеќе од едно лице од земјава се очекува да се најде на т.н. црна листа на САД.
Таа додаде дека стои зад тоа што го кажала пред некој ден, меѓутоа како што рече, информациите сепак треба да дојдат од Вашингтон.
„ Јас не можам да ви дадам ниту некои временски рокови, ниту број за тоа колку лица би биле откриени“, рече амбасадорката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа