Агелер за Алсат: Најдете начин за ветинг пред луѓето да дојдат на функција
Процесот на ветинг е многу важен и е предизвик, особено во правосудниот систем, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер. Според неа многу е важно овој процес, доколку се направи, да биде целосно транспарентен и фер.
„Ветингот може да биде многу предизвикувачки, како што видовме во некои други држави каде што не функционираше добро. Тоа е особено предизвик во правосудниот систем поради потребата да се проценат оние кои се веќе на позиција и во систем каде што веќе постои корупција, многу е важно да се осигураме дека тој процес е целосно транспарентен и фер. Проверката во САД се врши пред да се дојде на функција. Немаме доволно време да ви ја опишеме маката низ која поминав за да бидам номинирана и потврдена за амбасадор на САД. Се надевам дека оваа земја ќе најде начин да го придвижи процесот на ветинг пред луѓето да ги преземат своите позиции, на начин кој е најдобар за таа институција“, рече Агелер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа