Аеродромите во регионот рушат рекорди
Комерцијалните аеродроми во регионот лани примиле вкупно 32.5 милиони патници што е за 5 милиони повеќе од минатата година.
Според порталот „Екс-ју авијација њуз“ аеродромите ја забележале својата најфреквентна година.
Меѓународниот аеродром Скопје се наоѓа на листата на петте најпрометни аеродроми во регионот за 2023 година.
Лани регистрирал дури 2,9 милиони патници.
На првото место се наоѓа белградскиот аеродром со 7,95 милиони патници, веднаш зад него се аеродромот во Загреб со 3.72, аеродромот во Приштина со 3.42 и сплитскиот аеродром со 3.59 милиони патници.
Скопје за прв пат го престигна традиционално попрометниот Дубровник, Подгорица го надмина Сараево, а Љубљана Задар.
Повеќе од половина од аеродромите забележале најпрометна година досега.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа