Адеми останува претседателка на Врховниот суд

Со 7 гласови за отфрлање и 4 гласа против разрешување на Беса Адеми, таа останува на позицијата претседател на Врховен суд.

Мнозинството членови на Судскиот совет ја отфрли иницијатива на нивниот колега од Советот Миљазим Мустафа за разрешување на Беса Адеми, врховна судијка и претседател на Врховниот Суд.

Тој ја обвини Адеми дека не присуствувала на седниците на Советот во периодот од крајот на мај до почетокот на ноември минатата година, што според Мустафа било нејзина обврска како член на Судскиот совет по функција. За подносителот на иницијативата е спорно и тоа што Адеми не се одѕвала на повикот на Судскиот совет да дојде на состанок на кој би се дискутирало за нејзините наводи изнесени во интервју.

Оваа одлука на членовите на Судскиот совет доаѓа откако Управниот суд ја врати на позицијата претседател на Судскиот Совет, Весна Дамева, која според судската одлука била незаконски разрешена.

И евро амбасадорот Гир вчера каде имаше средба со Дамева даде поддршка за независен Судски совет. Најсериозно спомнување на случајот со Адеми и политички притисоци врз судството беа споменати на средбата меѓу амбасадорот Коп и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

 

17.01.2024 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега