Адеми: Eнергијата е основа на сoцио-економсиот развој и стабилност
Вјолца Адеми, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК денеска учествуваше на седницата на Комисијата за економски, трговски и финансиски прашања, која се одржа онлајн, како член на Комисијата.
Комисијата расправаше за Предлог-извештајот„Улогата на парламентите во подобрувањето на енергетската безбедност во земјите-членки на БСЕК”. Овој предлог-извештај, беше претставен од страна на Вјолца Адеми, во својство на известувач по оваа точка на дневниот ред.
Во нејзиното излагање, Адеми рече дека енергијата е основа на сoцио-економсиот развој и стабилност, како и важен предуслов за постоењето на луѓето. Енергетската безбедност, продолжи таа, имплицираат економски, социјални, политички промени и вештачки и природни опасности, кои се нераскинливо испреплетени.
Адеми потенцираше дека, во рамките на ПАБСЕК, е неопходно да се прошири дијалогот меѓу земјите извозници, увозници и транзитни земји за да се зајакнат добрососедските односи и да се спречи можна злоупотреба на енергетските пазари.
На седницата, членовите на Комисијата расправаа и за енергетската оптимизација, за активностите на БСЕК, како и го избра Олександар Мариковски од Делегацијата на Украина за претседател на Комисијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа