81-годишен дедо заврши во полиција: Си запалил оган на нивата, ама изгорела и плевната на соседот
Вчера (8 февруари) во 13 часот и 10 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 81-годишниот Х.Х. од гостиварска Долна Бањица, соопшти МВР.
„Тој се сомничи дека претходно запалил оган на неговата нива, кој набргу неконтролирано се проширил наоколу и зафатил плевна, сопственост на 71-годишниот Н.Д. од истото село, како и пластична цевка поставена во близина“, појаснуваат од полицијата.
Како што соопштија од МВР, нема повредени во пожарот, а со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа