68 дронови: „Поздрав“ од Русија за Украина

 

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија

„Две балистички ракети Искандер-М ги погодија регионите на Полтава и Одеса, а две ракети Х-59 беа лансирани кон регионите Чернихив и Суми“, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.

Украинските сили за противвоздушна одбрана, наводно, уништиле 31 дрон.

13.10.2024 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега