550.000 нови корисници за само 4 дена: Американците „полудеа“ по руската апликација
„Телеграм“ за кратко време стана втора најбарана апликација во САД, а во последните 72 часа добила дури 25 милиони нови корисници.
Повеќе од половина од Американците ја презеле руската апликација „Телеграм“ за само четири денови, од минатата среда до неделата, по „гаснењето“ на профилот на Доналд Трамп на Твитер и отстранување на апликацијата „Парлер“.
Така „Телеграм“ стана втора најпребарувана апликација во САД затоа што Американците бараат алтернатива во големите корпоративни социјални мрежи.
„Телеграм“, социјална мрежа и сервис за сигурна размена на пораки настана во Русија, а сега била преземена 550.000 пати во период помеѓу 6 јануари и 9 јануари, три пати повеќе во ист период од претходната седмица, известила американската ТВ станица „Fox News“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа