42-годишник пронајден мртов во парк во Прилеп
Безживотно тело на 42-годишен прилепчанец е пронајдено во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Како што соопшти полицијата, тој бил пронајден вчера рано наутро, нешто пред 7 часаот од страна на вработени во Јавното комунално претпријатие.
-Вчера во 06.58 часот во СВР Битола, од Јавно комунално претпријатие „Комуналец“-Прилеп било пријавено дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, a по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа