35-годишник пробал да ги прегази своите соселани: За среќа возилото му изгаснало, па нема повредени лица

На 25.05.2023 околу 19.00 часот во с.Секирци полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево.

Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема. Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

26.05.2023 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа