3 совети за парови кои започнуваат заеднички живот: Практикувајте интимност, но одвојте и време за себе

 

Домот е најинтимниот простор што го имаме, а делењето со нашиот партнер може да биде страшно или убаво искуство. Повеќето парови, сепак, мора да поминат низ некои тешкотии пред да бидат „среќни до крајот на животот“.

Дури и ако останувате заедно повеќето ноќи и практично веќе живеете заедно, постои разлика помеѓу тоа да имате сопствен простор во кој ќе се вратите и постојано да споделувате заеднички простор. Ако не се приспособите правилно, може да почувствувате чувство на фрустрација или огорченост.

1. Не заборавајте на интимноста

Кога луѓето преминуваат од состаноци во заеднички живот, понекогаш интимниот живот може да падне во сенка. Дури и ако не сакате често да практикувате интимен чин со вашиот партнер, важно е да одвоите време за тоа.

Иако не постои единствен одговор за добар страстен живот, паровите кои практикуваат љубов во спалната соба барем еднаш неделно се често посреќни и позадоволни од себе и од својата врска.

2. Најдете простор и време за себе

Не заборавајте, колку и да сте блиски, вие и вашиот партнер сепак сте две различни личности на кои им требаат различни работи, па затоа не е природно постојано да бидете еден со друг.

Ако можете, најдете катче за себе – место каде што ќе читате книга, ќе гледате филм, ќе слушате музика или само ќе го пиете утринското кафе на мира.

3. Поставете стандарди

Една од најчестите причини за кавги при започнување заеднички живот е поделбата на домашните работи.

Природно е дека сите ние имаме различни навики, па затоа е важно да разговарате со вашиот партнер за тоа што ви пречи од неговите, и обратно.

Гледајте подеднакво да ги делите обврските – никој да не се чувствува преоптоварен.

05.09.2023 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега