28-годишна охриѓанка кривично ќе се гони: Полицијата и пронајде марихуана
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.К.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При контрола на патничко возило „рено клио“, со кое се превезувала, извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа марихуана.
29.07.2024 - 16:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа