23-годишник со „фиат“ прегази маж во Скопје

На 26.05.2023 во 21.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Ацо Шопов“ патничко моторно возило “фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(23) од Скопје, удрило во Ц.Д.(50) од Скопје, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ц.Д., констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

27.05.2023 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега