20-годишник со возило удрил велосипедист – итно пренесен во болница
61-годишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила во Капиштец.
Како што информира МВР, несреќата се случила доцна синоќа околу 22:50 часот.
-Вчера во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Јуриј Гагарин“ и сервисна улица во Скопје, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Љ.Д.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа