19 годишно момче од Турција почина на Скопските Клиники

МВР соопшти дека 19-годишен турски државјанин со престој во Скопје вчера бил примен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во тешка здравствена состојба по што починал.

Според полицијата, кај турскиот државјанин О.Ј. немало видливи траги на насилство.

 

Случајот бил пријавен вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“, а О.Ј. починал околу 12.40.

Лицето било примено на клиниките околу 10.15 часот во тешка здравствена состојба. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, информира МВР.

02.02.2024 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега