18-годишник загина во сообраќајна незгода на автопатот Гостивар-Тетово
Ноќеска четириесетина минути по полноќ во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Е.З. од гостиварско Чегране излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, извести СВР Тетово.
– Во несреќата, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, а на пат за Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје им подлегнал на повредите, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обудкција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа