18 години затвор за возачот што пијан го усмрти 11 годишното девојче од Велес

 

 

Возачот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, доби 18 години затвор. Тој доби и забрана за управување моторно возило. На Николов му е изречена мерка притвор бидејќи судот сметаше дека тој може да избега ако биде на слобода.

Сообраќајната несреќа се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, а по два дена, полицијата го уапси. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

17.03.2023 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа