170 мајки на суд – не ги вакцинирале децата

 

 

Покани за на суд почнале да пристигнуваат во домовите на родителите кои не ги вакцинирале своите деца со задолжителните вакцини, пренесува порталот „А1он“.

 

Родители не се огласиле на повиците за вакцинирање, ниту а ниту пак кренале слушалка на повикот да отидат до надлежната институција и да приложат релевантен документ дека нивното дете не смее да прими вакцина поради здравствени проблеми.

Во неколку случаи, според информациите на „А1он“, се работело за деца што не примиле ММР-вакцина. 

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак потврдиле за порталот дека има мајки/родители за кои е донесена одлука за поведување прекршочна постапка.

Според нив, 302 родители во изминатата година не ги вакцинирале своите деца, и тоа не само за ММР, туку и за сите задолжителни вакцини. 170 родители од овие 302 воопшто не се одѕвале на поканите и за нив е поднесено барање за поведување  прекршочна постапка до надлежен суд.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

24.02.2023 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега