162 евра помош за македонскиот претставник на Олимпијадата во Пекинг

 

„На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци“, со овие зборови на социјалната мрежа Фејзбук реагира Ставре Јада, еден од претставниците на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг (4-10 февруари), поради сумата на пари која му ја доделила Општина Крушево на одржаната седницата.

-Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овој пат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево, пишува Јада на Фејзбук.

„На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци.

Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација.

Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево

1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?

2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?

И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг“, се вели во Фејзбук статусот на Ставре Јада.

Инаку, Јада во кинеската престолнина ќе настапи во спринтот на 1,4 километри и во маратонот на 50 километри.

28.01.2022 - 18:33
Фото: 
ФБ Фотопринт Ставре Јада

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега